Девојче ја нападнало мајка си во Аеродром, ја расекло со нож

Фото: илустрација

Малолетно девојче, чијашто возраст полицијата не ја соопштува, вчера попладне со нож ја нападнало сопствената мајка и ја повредило, велат од МВР.

„На 28.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18.30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди“, се вели во полицискиот билтен.

Полицајци и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во координација со Јавен обвинител за малолетници, излегле на местото и по преземени мерки, малолетничката и нејзината мајка биле сместени во здравствени установи за понатамошно лекување, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот