Фото: илустрација / МИА

Девојче е тешко повредено, со мотор излетало од пат во Битолско

14-годишно девојче од селото Новаци завршило во болница со тешки повреди откако, возејќи мотор, излетало од локален пат во Битолско, соопшти МВР.

„На 17.09.2025 во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола–с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од екипа од СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот