Девојче доби банана за подарок, нејзината реакција ги воодушеви сите (ВИДЕО)

принтскрин

Американскиот пејач, актер и продуцент Џон Роџер Стивенс познат како LGND се обиде да ја „зафркне“ ќеркичката завиткувајќи и банана во шарена хартија, како подарок за Божиќ, но таа толку многу била воодушевена, па така снименото видео станало хит на социјалните мрежи.

„Се обидов на ќерка ми да ѝ подарам најлош божиќен подарок, но не очекував ваква реакција“, напишал таткото.

На снимката може да се забележи како таа со ентузијазам го отвора подарокот и се воодушевува кога сфаќа дека станува збор за банана.

„Банана! Мамо, отвори го ова! Ми се допаѓа!“, извикало девојчето кога видело што добило.

Снимката за неколку денови собрала речиси милион ипол лајкови, споделувана е на Твитер повеќе од 403.000 пати, а дури 9.500 корисници напишале коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот