Деветмина Турци кои поседувале фалсификувани британски визи приведени на скопскиот аеродром

Вчера вечерта, полицијата лишела од слобода деветмина турски државјани кај кои, при гранична проверка, биле пронајдени британски визи и дозволи за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
„На 28.09.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје”, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани“, информираат од МВР.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.