Фото: prilep.gov.mk

Деветмина кандидати ќе се борат да станат прилепски градски татко, за советот пријавени 10 листи

Во Прилеп до Општинската изборна комисија беа поднесени девет кандидатури за градоначалник на Прилеп, од кои четворица се на независни кандидати, а пет зад кои застанале политички партии, пренесува „Тера“.

„Група избирачи Љупчо Дунимаглоски“

„Група Избирачи Ѓорѓија Игески“

„Група Избирачи Борче Чупетрески“

„Група Избирачи Павлинче Матеска“

„Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ“ – Петра Лукароска

„Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи-Суверенисти“ – Владимир Ѓорѓиоски

„Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ – Дејан Проданоски

„ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ – Либерално-демократска партија – Жарко Бошкоски

„Политичка партија ДЕМОКРАТИ“ – Јасминка Стојковска

Што се однесува на Советот на Општина Прилеп, за таму се поднесени 10 листи. Само две се од независни подносители, а останатите осум се од политички партии:

Група избирачи – Борче Чупетрески

Група избирачи – Страшо Наумоски

Коалиција за локални избори 2025 година – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ

Политичка партија Левица

Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи-Суверенисти

Единствена Македонијa

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА – ВМРО-ДПМНЕ

МААК

ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ – Либерално – демократската партија.

Синоќа до полноќ кандидатите за градоначалници во сите општини и листите за советници беа објавени на страницата на Државна изборна комисија (ДИК).

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот