Деветмина фудбалери си одат од „Камп Ноу“

EPA-EFE/NEIL HALL

Според шпанските медиуми, финалниот натпревар во Кралскиот Куп против Валенсија беше последен во дресот на Барселона за дури девет фудбалери.

Прв на листата за отстрел е резервниот голман, Јаспер Силесен на кого му здосади да ја грее клупата. Засега има една официјална понуда од португалскиот шампион, Бенфика, но можно е во трката да се вклучи и Манчестер јунајтед доколку остане без Давид Де Хеа.

Во одбраната, прекубројни се Џејсон Муриљо, Томас Вермален и Самуел Имтити. Муриљо ќе се врати во Валенсија по завршувањето на позајмицата, додека Томас Вермален поради честите повреди, не се наигра во Барселона. Договорот му истекува на 1 јули, и од управата на каталонскиот клуб му е порачано дека е слободен во потрагата по нов клуб. Најзвучното име во одбраната, Самуел Умтити, најверојатно ќе го плати цехот за се поизвесното доаѓање на Матијс де Лихт и како идна дестинација се споменува Арсенал.

Во средниот ред ќе биде најголемата чистка, дури пет фудбалери се очекува да бидат продадени или вратени по позајмицата. Кевин Принс Боатенг ќе се врати во Сасуоло од каде дојде како позајмен играч. Рафиња кој исто како и Вермален, има проблем во повредите, или ќе биде даден на позајмица или ќе биде продаден.

Бразилците Малком и Фелипе Кутињо на „Камп Ноу“ пристигнаа како големи засилувања, но со игрите на теренот ги разочараа како навивачите така и управата на клубот. ПСЖ е најзагреан за ангажман на Кутињо кој беше платен 140 милиони евра плус бонуси, додека за Малком, неколку италијански и англиски екипи пројавија интерес.

Последен кој треба да си замине е Иван Ракитиќ како би се направил простор за младиот фудбалер на Ајакс, Френки де Јонг. На Хрватот му е порачано дека ќе биде продаден доколку пристигне добра понуда за него (ПСЖ, Ливерпул) или ќе мора да се задоволи со улогата на резерва во следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот