Деветгодишно девојче прави необични креации по пример на славните личности (ГАЛЕРИЈА)

Instagram

Деветгодишната Рајли Дашвуд од Австрија „се облекува“ по примерот на светски познатите ѕвезди, но за креирање на своите костими користи предмети и храна што ги прави или ги пронаоѓа дома.

Благодарение на ова необично хоби, Рајли на Инстаграм има повеќе од 170.000 следбеници.

За рекреирање на фустанот на Луј Витон, кој Ема Стоун го носела на доделувањето на Оскар, користела вафли, додека периката на Ники Минаж ја креирала со брокула, карфиол и зелена салата.

Модниот избор на Ријана за Мет Гала го копирала со помош на шарена облека, а за рекреирање на нејзиниот сребрен фустан користела алуминиумска фолија и тенџере. Алуминиумска фолија искористила и за копирање на фустанот на Ким Кардашијан.

Во ова необично хоби ѝ помагаат нејзините родители.

„Секој викенд правиме по една фотографија. Не размислуваме премногу како ќе го претставиме, така што ни треба помалку од еден час за рекреирање на еден изглед“, рекла Рајли за БоредПанда.

[foogallery id=”96413″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот