Девет загинати во судир на автобус и комбе во Полска

Несреќата се случила во близина на градот Гљивице, во југозападниот полски регион Шлезија.

Девет лица го загубија животот, додека седум други се повредени во судир меѓу автобус и комбе во Полска, јавија американските медиуми.

Несреќата се случила во близина на градот Гљивице, во југозападниот полски регион Шлезија.

Жртвите се возеле во комбето, додека повредени се дел од патниците од автобусот.

Властите потврдија дека во моментот на несреќата во комбето имало девет лица и дека сите загинале, а во автобусот се превезувале 49 патници.

Портпаролот на полицијата изјави дека првичните резултати од истрагата покажувале дека возачот на комбето изгубил контрола врз возилото, дека се обидел да избегне слетување од патот, но возилото  се превртело и удрило во автобусот.

Меѓу седумте повредени патници од автобусите, кои се однесени во болница, возачот е во најсериозна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот