Девет ученици и вработени во средно училиште во Џорџија се позитивни на коронавирусот

Училиште Фото: Профимедиа

Коронавирусот е откриен кај деветмина ученици и вработени во средно училиште во американската држава Џорџија, кое е во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ходници полни со тинејџери без маски.

– Во овој момент, знаеме дека има шест ученици и тројца вработени кои биле во училиштето барем извесно време минатата недела, и кои пријавиле дека се позитивни на коронавирусот, изјави директорот на училиштето Гејб Кармона, пренесува Си-Ен-Ен.

На Хани Вотерс, ученичката која првично беше суспендирана поради објавување фотографија на Твитер, и е укината казната.

Во округот Атланта, 12 ученици и двајца вработени во десетина училишта се позитивни на вирусот во првата недела од почетокот на училишната година.

Претходно во Џорџија, 250 лица беа ставени во карантин откако коронавирусот беше регистриран кај најмалку 11 ученици и персонал во неколку училишта.

Џорџија е една од 21 држави во САД која кризниот штаб на Белата куќа ја стави во „црвената зона”, што значи дека болеста е распространета и дека мора да се преземат мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот