Девет рибари исчезнаа во морето кај Јужна Кореја откако им се превртел бродот

EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Бродови и авиони на јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по девет рибари кои исчезнаа откако нивниот брод се преврте во близина на југозападниот брег на земјата.

По несреќата, која се случи синоќа во близина на островот Дебичи, тројца членови на екипажот се спасени од комерцијален брод, што се наоѓал во близина, соопшти крајбрежната стража на југозападниот град Мокпо.

Преживеаните изјавиле дека машинскиот простор на бродот многу брзо се наполнил со вода, а потоа бродот тежок 24 тони се превртел.

Американските медиуми го цитираат Министерството за внатрешни работи и безбедност кое соопшти дека седуммина од исчезнатите се државјани на Јужна Кореја, а останатите двајца се странци, но не ја наведува нивната националност.

Повеќе од 30 бродови на крајбрежната стража и најмалку осум авиони денеска се активно вклучени во потрагата по исчезнатите.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика властите да ги мобилизираат „сите расположливи ресурси“ за да ја прошират потрагата, како и да дадат поддршка на семејствата на исчезнатите рибари, соопшти неговиот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот