Девет прегледи што им го спасуваат животот на мажите

profimedia

Мерењето на крвен притисок, холестеролот и шеќерот, вадењето на маркери за карцином на простатата, колоноскопијата и пресметувањето на индексот на телесната маса може да им го спаси животот на мажите.

Ракот на дебелото црево е еден од најчестите малигни заболувања, а многу почесто ги погодува мажите отколку жените. Една од причините за тоа е што мажите, по појавата на симптомите, премногу доцна се јавуваат на лекар, а и поретко одат на дијагностичка колоноскопија. По 50-тата година од животот, на колоноскопија треба да се оди редовно, а мажите кои ја имаат оваа болест во семејството и порано, веќе по 30-тата година од животот.

Преглед на сексуално преносливи болести

Дури и за мажите кои се во моногамна врска со години, никогаш не е лоша идејата да се тестираат за сексуално преносливи болести. Тие можат да бидат скриени долго време во организмот, и да предизвикаат трајно оштетување на органите и предвремена смрт.
Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека сите луѓе на возраст меѓу 16 и 65 години, би требало барем еднаш во животот да се тестираат за ХИВ и хепатитис, а повеќе пати доколку имале сексуален однос без заштита.

Редовна контрола на тежината и на обемот на половината

Иако на повеќето луѓе не им е потребен лекар за да забележат дека се дебели, добра идеја е вашиот лекар и официјално да го пресмета индексот на телесната маса или БМИ. Оној од 18,5 до 24,9 се смета за нормален, додека сè што е над тоа носи поголем ризик и потреба за почести медицински прегледи.

Нивото на холестерол

Американското Здружение за здравје на срцето советува дека мажите по 20-тата година од животот треба на секои шест години редовно да го проверуваат нивото на холестерол во крвта. Според лекарите, оваа вредност е важен показател за состојбата на крвните садови, како и за ризикот од мозочен удар и срцев удар. Мажите многу почесто заболуваат од срцеви болести, а повеќето од нив успешно се лекуваат ако симптомите се забележат навреме.

Контрола на крвниот притисок

Како високиот холестерол, и високиот крвен притисок предизвикува трајно оштетување на крвните садови и го скратува животот. По 18-годишна возраст, потребно е барем на секои два месеца да се измери крвниот притисок, особено ако постои генетска предиспозиција за болеста. Кај благо покачените вредности на крвниот притисок, потребно е да се намали внесувањето на сол во исхраната и да се намали телесната тежина, додека кај повисоките вредности, потребна е и медикаменозна терапија за да се регулира притисокот.

Шеќер во крвта

Дури и мажите со умерена телесна тежина и активност би требало да го измерат нивото на шеќер во крвта, но исто така да направат и тест за орална подносливост на гликозата (ОГТТ). Зголемените вредности може да укажуваат на појава на дијабетес, нарушување на тироидната жлезда, оштетување на црниот дроб или, пак, на целијакија. Намалените вредности може да укажуваат на вирусен хепатитис, оштетување на бубрезите или на рак на панкреасот.

Доплер на каротидни артерии

Во повеќето случаи, прегледот кај кардиологот е безболен и целосно неинвазивен. Не е потребна посебна подготовка на пациентот за кардиолошки преглед, по што пациентот може да им се врати на нормалните дневни активности. Дополнителните прегледи кај кардиологот вклучуваат: лабораториски анализи, РТГ преглед на срцето и белите дробови, ехокардиографија (ЕХО на срцето), ергометрија, ЕКГ преглед, 24 ЕКГ холтер мониторинг. Исклучително важен преглед е ехото на срце и прегледот на каротидните артерии. Тестот се изведува еднаш годишно кај луѓе над 50 години.
Популарно „ултразвук“ на каротидните артерии (Color Doppler Flow Imaging) е инвазивен дијагностички метод со кој се прави преглед на крвните садови одговорни за доставување на крв до мозокот. Доплерот на каротидните артерии овозможува навремено откривање, следење и згрижување на нарушувањата или болестите, со цел да се спречат потешките последици од атеросклеротската болест како што е мозочниот удар.

Преглед кај уролог

Секој трет маж по 50-тата година од животот има некаков облик на хронично воспаление на простатата, а тие се честа причина за повторливи инфекции на уринарниот тракт кои не биле лекувани. Таквите хронични воспаленија можат дури и да предизвикаат рак, а редовните прегледи на простатата и вадењето на ПСА – маркерите во крвта се најдобрата превенција за развојот на болеста. Мажите секако треба да одат на уролог, во еднаква мерка како што жените треба да одат на гинеколог, истакнуваат лекарите.

Педесет отсто од мажите постари од 50 години имаат зголемена простата. Од таа бројка, 30 отсто имаат проблеми со уринирањето, посочуваат уролозите. Симптомите, кои се јавуваат како резултат на бенигното зголемување на простатата, се делат на иритативни и опструктивни. Иритативните вклучуваат зачестено уринирање навечер и преку ден, инконтиненција („бегање“) на урината и ургенција. Под опструктивни симптоми спаѓаат: послаб млаз на урината, чекање да започне уринирањето, прекинување на млазот, чувство на нецелосно празнење, капење по уринирањето.

Рано откривање на ракот на тестиси

Ракот на тестисите е една од ретките малигни заболувања кои првенствено ги погодуваа помладите мажи. Бидејќи инциденцата на болеста е двојно зголемена во последните дваесетина години, зголемувањето на свеста за оваа болест е клучно – особено затоа што во рана фаза е излечлив во повеќе од 95 отсто од случаите.

Самопрегледот на тестисите е важно да се вклучи во рутина, бидејќи тоа е најсигурниот начин за навремено откривање на болеста.

Самопрегледот е најдобро да се направи во текот на туширање или капењето, бидејќи скротумот, кожните вреќички во кои се наоѓаат тестисите, е најопуштен. Пожелно е самопрегледот да се направи пред огледало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот