Девет позитивни вработени и шест заразени деца во градинките

Јагода Шахпаска/Фото: МИА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на трибина на петтата  „Текстилијада”, во Штип, во организација на граѓанското здружение Гласен текстилец. Во својата дискусија на тема „Институциите во интерес на работниците” рече дека Владата и Министерството за труд и социјална политика навремено реагираат и помагаат во брзо решавање на проблемите на работниците особено на  42.000 вработени, претежно жени во текстилната индустрија.

Министерската за труд и социјала додаде и дека состојбата со корона вирусот во градинките почнува да се стабилизира.

„Во градинките состојбата е стабилна. Има само девет позитивни вработени и само шест деца, што значи дека состојбата е стабилна. Значајно е што 76 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, а тоа се веќе европски стандарди за степенот на вакцинација и тоа говори за општествената одговорност за грижата за личното и колективното здравје. Се почитуваат протоколите и за тоа би сакала да им оддадам признание, рече министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот