15 C
Скопје

Девет песни од поетот Тихомир Јанчовски се објавени во авангардното списание „Апокалипса“

Преводи на девет песни од македонскиот поет Тихомир Јанчовски се објавени во двобројот 241-242 на познатото авангардно словенечко списание за култура „Апокалипса“. Песните се од неговите збирки „Игла и конец“ и „Влакно на јазикот“, објавени во 2016 и 2018 година. Песните се преведени/препејани од страна на словенечкиот режисер Андреј Кошак и на македонскиот драматург Дарко Спасов. Изборот и редактирањето се на словенечкиот писател Јуриј Худолин.

Тихомир Јанчовски досега напишал десетина книги поезија, два романа, една историска книга и една збирка колумни. Еден е од најпреведуваните современи македонски автори. Негови песни се преведени на 15 јазици: англиски, француски, словачки, српски, хрватски, босански, германски, турски, црногорски, албански, словенечки, фарси, грузијски, грчки и италијански јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Поврзани вести

Џез-перспективи: Основањето на „ЗЏМ Рекордс“ дојде сосема природно

Тони Димков

Поздрав од Скопје: Десет дизајнерски приказни од „Шизик на ризик“

Тони Димков

Преведена литература: Два тома за македонските поезија и проза се објавени во Србија

Тони Димков

Проект „Превод во движење“ на „Готен“

Тони Димков

Интервју со писателката Румена Бужаровска: Расказот е форма во која сум вљубена

Тони Димков

Ѕидна уметност: Мурал како подарок од Кралството Холандија на Градот Скопје

Тони Димков

Остави Коментар