Девет општини од земјава со признание од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА)

Фото: МИА

На девет општини од Северна Македонија, шест од Косово и три од Хрватска денеска им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА).

Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.

Во нашава земја најголем предизвик на сите нивоа на управување е зачувувањето на човечкиот капитал и вложувањето во него, истакна Пенов.

Тој информираше и дека меѓу деветте општини од земјава кои ја добија ознаката „Европска ознака за извонредно управување” е и една рурална општина.

Министерот за администрирање на локалната самоуправа на Косово, Елберт Красниќи, истакна дека има добра соработка со Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија, како и меѓу општините на двете земји.

Имаме една заедничка програма за меѓугранична соработка која е многу важна за нашите земји којашто ни овозможува да формираме база на пријателство и партнерство на локално ниво, истакна Красниќи и додаде дека Косово има интерес и локалното ниво да има улога во развојот на двете земји.

На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата и како се тие спроведени во Хрватска.

Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип, кои учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

„Европската ознака за извонредност на управувањето” е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Северна Македонија, Хрватска и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот