Девет мртви, 57 повредени во немирите во Лавов

Украински војници/ Војна Украина/ Фото EPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Девет лица загинаа, а 57 се повредени во нападот на воена база во западна Украина, изјави регионалниот гувернер на Лавов Максим Козицки.

Властите сега работат на гаснење на пожарот во базата, рече тој на прес-конференција, пренесува Би-Би-Си.

Козицки рече дека Русија истрелала повеќе од 30 ракети врз воениот објект Јаворив.

Забележани се голем број амбулантни возила кои одат кон и од базата.

Локалните власти соопштија дека проектили го погодиле Меѓународниот центар за мирољубивост и безбедност во градот Јаворив, на околу 10 километри (6,2 милји) од полската граница и 60 километри (37,2 милји) од центарот на градот Лавов.

Базата зафаќа површина од околу 390 квадратни километри (151 квадратни милји) и може да прими до 1.790 луѓе, иако не е познато колку луѓе имало на лице место за време на нападот.

Обично базата се користела за обука и вежби од страна на украинската војска и нејзините партнери во НАТО, главно како дел од Партнерството за мир, програма наменета за подобрување на соработката меѓу членките на НАТО и не-членките.

Позицијата на Лавов на западот на Украина го направи градот клучен центар за снабдување на хуманитарна и воена помош од НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот