Девет мигранти од Сирија откриени на магистралниот пат Радовиш- Свети Николе

Фото: Архива на СП

Девет лица- мигранти од Сирија се пронајдени на магистралниот пат Радовиш- Свети Николе, информира МВР.

-На 28.06.2020 околу 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Свети Николе од полициски службеници од Полициска станица Штип, по претходно добиено известување, биле пронајдени девет лица-мигранти од Сирија- стои во дневниот билтен од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и по негова наредба лицата- мигранти се пренесени во ПТЦ „Винојуг“ Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот