Девет лица од пожарот во Кисела Вода примени во Клиничкиот центар се во добра состојба

Фото: Слободен печат

Како последница од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, девет (9) пациенти се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Пациентите се во добра општа состојба. Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот