Девет компании ќе ги поправаат државните патишта!

Откако распиша тендер за поправка и рехабилитација на државните патишта, Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор со дури договор девет компании, а вредноста на истиот во вклучен ДДВ е 944.000.000 денари или нешто над 15 милиони евра.

Во електронскиот систем за јавни набавки стои дека биле добиени 10 понуди, а од кои највисоката добиена понуда изнесува 5.570.567,00, додека најниската добиена понуда е 1.126.974,00.

Инаку компаниите кои ќе ги поправаат државните патишта се: БЕТОН АД Скопје, ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица, БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ Радовиш, ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар, ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ Скопје, ГРАНИТ АД-Скопје, ИЛИНДЕН АД Струга и ВАТО ДОО Студеничани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот