Девет играчи со најмногу голови од слободен удар од 2016 година

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Угледниот „ЕСПН“ одвои девет играчи со најмногу голови од слободен удар во Топ 5 европските лиги од сезоната 2016/2017.

На оваа листа се наоѓа и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој дојде како непознаница во Шпанија, но уште во првата сезона за Леванте блесна и се промовираше како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари.

Нашиот играч постигна пет голови од 16 директни слободни удари во неговата дебитантска сезона, а додаде уште еден во последните две и пол години.

Убедливо на првата позиција се наоѓа ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, со 21 погодок.

Симоне Верди 6
Дани Парехо 6
Набил Фекир 6
Енис Барди 6
Јаго Аспас 7
Пауло Дибала 7
Џејмс Вoрд-Проус 8
Александар Коларов 8
Лионел Меси 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот