Девет голови во Бирмингем, Алиоски со две асистенции (ВИДЕО)

twitter.com/LUFCDATA

Домаќините можеа многу лесно да останат и непоразени во дуелот со Лидс, но нивни трагичар беше Хардинг кој си постигна автогол.

Вистинска голеада на натпреварот од 25. коло во Чемпионшип, на стадионот „Ст. Ендрју“ стадионот каде што Лидс триумфираше со неверојатни 4:5 против домаќинот Бирмингем.

Големи и важни три бода за играчите на Биелса на патот кон Премиер лигата, освен тоа го искористија и поразот на Вест Бромвич од Мидлзбро (0:2) и сега се повторно на врвот во генералниот пласман.

Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар во дресот на Лидс, а во триумфот придонесе со две асистенции.

Прво во 21. минута убаво во казнетиот простор на домаќините го пронајде Херисон, а овој од „прва“ ја затресе мрежата на Труман за зголемување на позитивата од 0:2.

Во 69. минута македонскиот репрезентативец му асистираше и на Ејлинд кој испрати еден прецизен удар за нова предност од 2:3.

Домаќините можеа и да останат непоразени на овој дуел, откако во 91. минута израмнија преку Јуткиевиц, но трагичар им беше Хардинг (95 мин.) кој си постигна автогол.

Својот нареден меч Лидс ќе го има на првиот ден од 2020 година, ќе гостува кај екипата на Вест Бромвич, како дерби на колото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот