Девет години од аферата што го уништи животот на францускиот претседателски кандидат Доминик Строс-Кан

Девет години по аферата „Софител” што му стави крај на кариерата на францускиот претседателски кандидат Доминик Строс-Кан во 2012 година, актерката во скандалот, собарката Нафисату Диало, за „Пари мач” тврди дека била „лишена од правда” и дека имала желба да „изврши самоубиство “, јави дописникот на МИА.

Доминик Строс Кан во Њујорк додека чека да започне судењето против него откако беше обвинет за силување / 2011 / Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Во ексклузивно интервју што денеска е објавено во „Пари Мач”, поранешната собарка на хотелот „Софител” во Њујорк, Нафисату Диало, зборува за аферата со Доминик Строс-Кан, која предизвика земјотрес среде предизборната кампања во Франција.

Социјалистот Доминик Строс-Кан, кој во 2012 година беше фаворит во трката за претседателските избори во Франција, се најде во виорот на судските и медиумските превирања.

Доминик Строс-Кан и неговата придружничка Миријам Лафоур го гледаат женското финале помеѓу Серена Вилијамс (САД) и Марија Шарапова (Русија) за време на францускиот турнир Роланд Гарос во Париз / Франција, 8 јуни 2013 / Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

– Аферата ДСК ми го уништи животот, вели Нафисату Диало

Настанот се случил на 14 мај во 2011 година, кога Нафисату Диало се сретнала со Доминик Строс-Кан, тогашен шеф на Меѓународниот монетарен фонд, во апартманот 2806 во хотелот „Софител” во Њујорк.

– Тој ден, се се смени. Овој спомен никогаш нема да ме напушти, вели таа.

Нафисату Диало пристигнува на судењето / Бронкс, Њујорк, САД / 2011 / Фото: EPA/JUSTIN LANE

Дента оваа собарка (32), со потекло од Гвинеја, го обвини тогашниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд за сексуален напад во неговиот апартман. Американската судска машина се стави во погон.

Строс-Кан, кој ги отфрли обвиненијата, заврши во затвор, а потоа и во домашен притвор во Њујорк и се повлече од функцијата генерален директор на ММФ.

Во 2016 година, ликот на Доминик беше претставен на карневалот во Ница преку маската „Стапица“ EPA/OLIVIER ANRIGO

Кога кривичната постапка беше прекината на 23 август, обвинителот се сомневаше во веродостојноста на изјавата на Нафисату Диало поради повеќекратните лаги за одредени аспекти од нејзиниот живот. Доминик Строс-Кан, тогаш 62, се врати во Франција.

Тој отсекогаш негираше дека ја силувал, но таа тврди дека „ја кажала вистината” за тоа што се случило во таа соба.

Во 2016 година, ликот на Доминик беше претставен на карневалот во Ница преку маската „Стапица“ / Ница, 2016 / Фото: EPA/OLIVIER ANRIGO

– Бев измамена и предадена. Никогаш нема да го преболам начинот на кој обвинителството во Њујорк се однесуваше кон мене, продолжува поранешната собарка во долгото интервју за „Пари Мач”.

– Заради тоа што ми го направија, сакав да се самоубијам, вели таа.

Украински феминистки од феминистичката група ФЕМЕН и француската организација МЛФ протестираат против проституцијата пред Францускиот Национален Ансамбл, истиот ден кога му се судеше на Доминик Струс-Кан за партиципација во организирани канали за секс и проституција / Париз, Франција / 2015 / EPA/ETIENNE LAURENT

Една и пол година по настаните, таа се согласи на договор со Доминик Строс-Кан. Износот на трансакцијата никогаш не бше откриен, а „Пари Мач” тврди дека станува збор за еден милион долари.

– Сакав да се извлечам од оваа приказна што е можно побрзо, се сеќава Диало.

Нафисату Диало / Фото: EPA/JUSTIN LANE

Во тоа време немав намера да напишам книга. Она што го сака денес е со нова книга за аферата „да ја каже својата вистината”.

– Никогаш не сум се сметала себе си за феминистичка активистка, но сакам ова што ми се случи да им помогне на другите, додава таа.

Доминик Строс-Кан / 2013 / Фото: EPA/IAN LANGSDON

Денес, таа објасни дека сака да создаде „фондација чие име веќе го имам на ум за да им помогне на жените кои, како неа, пристигнаа во Америка без образование, дури и без да зборуваат на јазик и кои поминаа низ ужасни ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот