Детската болница Козле стана ковид центар и забрзано се полни: За 16 часа примени 16 пациенти

ЈЗУ Институт Козле /Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, Бесник Зекири, во изјава за „Слободен печат“ изјави дека од синоќа од 20 часот до утринава до 8 часот хоспитализирани се 16 пациенти со тешки симптоми на ковид-19.

– Од вчера Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ е пренаменет во ковид-центар и за првите 16 часа откако е ставен во употреба, односно до 8 часот утринава, примени се 16 пациенти. И во текот на денот имаме нови хоспитализации. Капацитетот на болницата е 50 кревети и се плашам дека може да се исполни брзо ако хоспитализацијата продолжи со вакво темпо – рече Зекири.

Во меѓувреме, децата на кои им е потребна хоспитализација се препраќаат во Универзитетска болница за детски болници на понатамошно лекување. Таму се упатуваат сите деца од Скопје и од другите градови кои имаат различна симптоматологија, значи не се однесува тоа само на ковид пациенти, нагласи Зекири.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот