Детоксикација на организмот после празниците

Како да се исчисти организмот од натрупаните токсини, да се одмори и да се прочисти после празниците?

Детоксикацијата е базирана на зеленчук, овошје, протеини, житарици и корисни масти. Првите неколку дена менито се состои од 80% течности (смути, сокови и супи), како и пообилни вечери. Секој ден почнете го со чаша млака вода со лимон, како би можеле да спречите паѓање на шеќерот во крвта. Не заборавајте да се движите секој ден, најмалку еден час. Туширајте се наизменично со топла и со ладна вода. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Детокс диетата не е препорачлива за деца, тинејџери, постари личности, како и за бремени жени и доилки.

Четири сигнали дека на вашиот организам му е потребна детоксикација

Ви недостасува енергија

Ако спиете доволно, но станувате изморени, можеби е време да направите детоксикација. Од токсините кои се формираат во вашиот организам (од извори како што се храната и воздухот) може да ја изгубите енергијата. Со детоксикација ќе му овозможите на телото да ги исфрли тие супстанции и ќе се чувствувате полесно и посилно.

Не може да ослабете

Доколку напорно работите на тоа да ги симнете килограмите, но не гледате резултат, можно е да се причина токсините во вашето тело. Храната која би требало да ја јадете во тој случај вклучува свеж спанаќ, моркови, краставици, домати, авокадо и семе од чија.

Имате проблем со кожата

Ненадејно ви се појавиле осип и акни, што за вас не е вообичаено. Можеби вашата кожа е толку сува бидејќи проблемот доаѓа одвнатре. Посебно ако не пиете доволно вода, пушите и конзумирате алкохол.

Не можете да заспиете

Кога телото е полно токсини, тоа и понатаму се бори своите природни функции да ги обавува ефикасно. Тоа може влијае на сонот. Детоксот ќе овозможи вашето тело да биде повеќе во склад со природата и да функционира нормално.

Нутриционистички план на чистење на организмот

Ден 1

Појадок

Освежителен смути:

Измешајте 250 мл кокосово млеко, една банана, 50 гр кељ, 80 гр замрзнати малини, две лажички овесни снегулки и цимет.

Ужина

Сок од ѓумбир: Направете сок од еден портокал, два моркови, 100 гр спанаќ, половина лимон, половина лажичка ѓумбир и една краставица.

Ручек

Зелена супа (две порции): Динстајте главица кромид со сок од половина лимон и со парче целер, ситно исецкан. Додадете половина лажичка ким, половина главица брокула и карфиол, а потоа една рака презла и коријандер. Промешајте половина конзерва грав и ставете ја во блендер со 300 мл вода.

Ужина

Смути од нане: Изблендирајте во блендер праска, краставица, целер, 100 гр кељ, една рака свежо нане и пола лажичка ѓумбир.

Вечера

Лосос / пилешко со зеленчук: Филе од лосос или пилешко филе (по желба) подготвено за печење во фолија. Посолете го со исецкана жолта пиперка, една исецкана тиквичка и три печурки. Зачинете со вагета и прелијте со сок од лимон. Печете на 180 степени Целзиусови 20 минути, сервирајте со 100 гр спанаќ.

Ден 2

Појадок

Протеински смути: Измешајте 250 мл бадемово млеко,100 гр боровинки,една лажичка протеин од коноп, две лажици овесни снегулки и една лажица путер.

Ужина

Појачување со цвекло: Направете сок од едно цвекло, две стапчиња целер, два моркова, едно јаболко и краставица.

Ручек

Гаспачо супа: Промешајте пола краставица, пола црвена пиперка, пола жолта пиперка, една главица кромид, пола лук и пола конзерва сос од домати. Промешајте додека не стане кремасто.Додадете лажичка Балзамико оцет, маслиново масло и неколку зачини пред сервирање.

Ужина

Сок од ѓумбир

Вечера

Пилешки гради на скара со грашок: Едно парче пилешки гради зачинети по желба, на скара сервирано со 100 грашок  и 100 гр кељ.

Ден 3

Појадок

Кокос Смути: Измешајте 80 мл кокосово масло, 200 мл кокосова вода, банана, 100 гр спанаќ, една лажичка ленено семе, лажичка овесни снегулки со крем од кокос, се мати додека не стане кремасто.

Ужина

Мента смути

Ручек

Зелена супа: Искористете ги остатоците од претходните денови.

Ужина

Засилување со цвекло

Вечера

Зачинет ослич со пире од моркови и кељ додадете оловина лажичка ким, цимет, куркума и кокосово масло. Прелијте го филето ослич и печете на 180 степени Целзиусови 15 минути. Во меѓувреме, направете пире од еден морков. Сервирајте  ослич со пире и 100 гр кељ.

Ден 4

Појадок

Јајца со аспарагус: Згответе ги јајцата, а потоа печете едно парче леб од цело зрна и исечете го аспарагусот зготвен на пареа.

Ужина

Две мандарини и лажица индиски ореви.

Ручек

Супа од спанаќ и леблебија: Издинстајте главица кромид со лимонов сок, стапче целер, половина ситно сецкан морков и пиперка, половина конзерва леблебија, 100 гр спанаќ и додадете една рака коријандер. Ставете ги во блендер со 300 мл вода.

Ужина

Две мандарини и лажица индиски ореви

Вечера

Лосос / пилешко со зеленчук

Ден 5

Појадок

Овесни снегулки: Комбинирајте 40 гр ореви и 40гр разни семиња Додадете 200 гр овесни снегулки, пола лажиче морско оревче и оставете малку да отстои. Послужете со четири лажички боровинки и 100 мл бадемово млеко.

Ужина

Јаболко со лажица путер од ореви.

Ручек

Пита од моркови: Изрендајте пет големи моркови и измешајте со две лажици масло од кокос, сок од лимон (по желба) и лажичка чија семе. Овој фил виткајте го во подебели кори(Едно пакување кори) и испечете.

Ужина

Крцкав кељ (две порции) Во тепсија ставете  250 гр кељ и попрскајте го со повеќе кокосово масло. Печете во рерна на 220 степени Целзиусови додека не стане крцкаво.

Вечера

Пилеши стапчиња со пиперка Исецкајте ги пилешките гради, 250 гр жолти и зелени пиперки. Ставете го месото во чинија и прелијте со стопено кокосово масло, измешано со половина лажичка црвен пипер и цимет. Исечете го месото во стапчиња и испечете го на 180 степени Ц. Послужете со салата.

Ден 6

Појадок

Кајгана на тост Направете кајгана од две јајца и сервирајте со парче леб од цело зрно.Згответе 100 гр спанаќ, и сервирајте со кајганата.

Ужина

Една испасирана банана намачкана на едно парче препечен леб од цело зрно.

Ручек

Крцкава салата Измешајте зелена салата со еден изрендан морков , 30 гр краставици, три цреши, 100 гр крес, две лажички леќа. Посипете со лажичка маслиново масло и лимонов сок.

Ужина

Ананас и лажица индиски ореви

Вечера

Ракчиња: Варете 100 гр ракчиња со половина кеса изрендан микс од зеленчук. Додадете сок од лимета и лажичка сос од соја. Послужете со 40 гр варена киноа.

Ден 7

Појадок

Авокадо на леб Испасирајте еден авокадо и измешајте го со два ситно сецкани цреши домати. Премачкајте ги овие две парчиња леб од цели зрна.

Ужина

Една праска и една лажица бадем

Ручек

Завиткано виножито: Исецкајте цвекло, половина морков и две цреши домати. Ставете во сад со 50 гр рукола и измешајте сè. Вметнете го зеленчукот во тортиља од цело зрно и завиткајте.

Ужина

Крцкав кељ

Вечера

Песто ослич Филето од ослич испржете го на малку масло со една лажичка песто сос. Послужете го со обарен кељ, 50 гр грашок и едно исецкано цвекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот