Детето на Илон Маск веќе не се вика X Æ A-12! Обидете се да го прочитате новото име

илон маск, грајмс
Илон Маск и Грајмс/ Фото: Профимедиа

Кога Илон Маск и неговата партнерка Грајмс новороденчето го нарекоа X Æ A-12, јавноста беше збунета поради невообичаениот избор. Поради калифорниските закони, тие сега одлучија да му го сменат името на детето, но сите кои мислеа дека бебето ќе добие име кое ќе биде посфатливо и полесно за изговарање, се измамија.

Фотографија која Илон Маск ја сподели на Твитер заедно со X Æ A-Xii

Детето отсега ќе се вика X Æ A-Xii,  откри Грајмс во коментар на нејзиниот инстаграм-профил, пишува Гардијан.

Во Калифорнија во имињата можат да се користат само букви од англиската абецеда, не и броеви, па затоа бројот 12 морале да го заменат со римски еквивалент.

„Римските броеви изгледаат подобро, да бидам искрена“, напиша Грајмс на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалните мрежи со денови се обидуваа да откријат што значи името на детето, а сите недоумици преку Твитер ги реши девојката на Илон Маск.

Х е непозната варијабпла, а Æ виленски знак за Ai (вештачка интелигенција). А-12 е ознака на нашиот омилен авион СР-17, без оружје, без одбрана, само брзина, одличен во битките, но ненасилен. И за крај А како Архангел, мојата омилена песна“, одговори Грајмс кога беше прашана што значи невообичаеното име.

Фотографија која Илон Маск ја сподели на Твитер од X Æ A-Xii

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот