Детективи откриле што всушност пронашле во собата каде било пронајдено телото на Мајкл Џексон!

профимедиа

Некои детали биле објавени во документарниот филм за Мајкл Џексон во кој тројца детективи го откриваат текот на истрагата која следела после потврдата дека пејачот починал во својот дом на 25 јуни 2009 година.

Многу полемики покрена веста за неговата смрт за која во 2011 година беше осуден на две години затвор неговиот личен доктор Конрад Мареј поради недозволена комбинација и доза на лекови која ја дал на Мајкл.

Profimedia

Мареј ја дослужил казната, а детективите Орландо Мартинез, Ден Мајерс и Скот Смит откриле што пронашле во собата каде Мајкл Џексон бил пронајден мртов.

„Имаше забелешки, парчиња хартија залепени секаде низ собата, огледала и врата со кратки слогани и изрази“, рекле тие и додале дека спалната соба била во неред, а дека некои од натписите биле како стихови од песни.

„Кога влеговме во собата каде Конрад го лечел Мајкл, на креветот најдовме компјутер, но имаше и живописна кукла и фотографии налик на оние од рекламите“, истакнале тие.

profimedia

Детективите изјавиле дека собата воопшто не наликувала на соба каде што би се лечел некој, но дека ја пронашле торбата на докторот Мареј во која бил лекот за кој се сметало дека го усмртил Мајкл.

Како што велат, нашле и „многу отпад, игли, празни шишиња, се она што не требало да има таму“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот