Детектирање на рак на дојка: Три клучни фактори

Фото: Промо

За да се открие ракот на дојката во најраната можна фаза, мамографските слики треба да бидат со извонреден технички и дијагностички квалитет.

Од сите начини на дијагностика со помош на рендгенски снимања, мамографијата е најспецифичниот метод. Со помош на мамографијата се добиваат слики на кои може да се видат убаво дури и убедливо најмалите детали, што не е случај со сите останати видови на снимања.

Фото: Промо

За да се открие ракот на дојката во најраната можна фаза, мамографските слики треба да бидат со извонреден технички и дијагностички квалитет. Само на мамографска апаратура што ги исполнува најстрогите меѓународни стандарди и на којашто се прават редовни проверки за нејзина исправност, може да се добијат вакви слики со висок квалитет. Притоа, важно е да се знае и дека радијациската доза што ја добила дојката при мамографското снимање направено со ваква апаратура е пониска од некои други машини од овој тип.

Сепак, постојат и случаи, кога дури и на сликите со најдобар квалитет, не е можно прецизно да се прикажат некои патолошки промени. Во тие случаи потребно е да се направи 3D мамографско снимање или таканаречена томосинтеза.

Начин на снимање

Позиционирањето на дојката и примената на правилна техника на снимање има пресудна важност за тоа дали на мамографската слика ќе се прикажат сите потребни детали за да може да се постави точна дијагноза. Секако, ова зависи од искуството на лекарот или рендгенскиот техничар што го изведува ова снимање.

Анализирање на сликите

Мамографските слики се анализираат на специјални монитори што имаат резолуција поголема од 5 милиони пиксели. Условите на анализирање имаат голема улога во тоа дали радиологот ќе ги забележи или не и најмалите промени во дојките.

Затоа, во Клиничката болница „Жан Митрев“ обезбедена е мамографска апаратура со врвни перформанси, на која покрај стандардна мамографија, може да се прави и 3D снимање на дојките.

– Воведовме процедури со кои постојано се следат перформансите и на опремата и на персоналот, кои гарантираат квалитет според сите меѓународни стандарди – велат од Клиничката болница „Жан Митрев“, нагласувајќи дека го сакаат најдоброто за нивните пациенти.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

 

Видео на денот