Дете со албанско потекло спасено од сириски камп

Алвин Бериша, 11 годишно дете по потекло од Албанија било спасено денеска од сирискиот капм Ал Хол.

Малиот Алвин е роден во Леко, Италија, а неговите родители се од Албанија. Но, кога тој имал само 6 години неговата мајка го напуштила семејството, оставајќи зад себе две деца, а го земала Алвин и си заминале во сирискиот камп Ал Хол во близина на Турција.

Таа пред неколку месеци загинала, а Алвин останал сам во кампот. Неговиот татко, Африм Бериша кој живее во Италија, го бара веќе од 2014 година неговиот син, а само пред неколку недели тој бил пронајден од страна новинари од италијански медиуми во камп,  кои со објавување на сторија за Алвин ја алармирале и албанската јавност.

Според Визион Плус, повикувајќи се на италијанскиот медиум „La Republica“, 11 годишникот е ослободен од кампот благодарение на хуманитарните организации “Црвен Крст“ и “Црвена Полумесечина“. Станува збор за голема меѓународна операција, велат италијанските медиуми, во кои беа вклучени и италијанските и албанските власти.

Изутринава Алвин бил испратен на граница меѓу Либан и Сирија, а се очекува да пристигне во Бејрут од каде со авион ќе се врати во Италија.

Таткото Африм Бериша во изјава за Балканвеб раскажа дека неговиот син бил ранет пред 6-7 месеци и сега е во стабилна состојба и го чекаат да се врати во Рим.

Топ Чанел пак пренесува и фотографии од Алвин, кои ги објави Илир Кула, поранешен новинар и советник на неколку албански претседатели и кој зад себе има историја со ослободување на лица земени како заложници од терористите во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот