Дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на коронавирусот

Фото: Архива на Слободен печат

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски за ТВ24 изјави дека дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на коронавирусот.

Според него, останатите деца од групата се во изолација заедно со воспитувачката и негователката.

Останатите деца и негователките немаат никакви симптоми, а детето се претпоставува дека се заразило надвор од градинката.

Претходно во оваа градинка има регистриранo три случаи на корона вирус кај вработените, две негователки и адмнистративен работник, а еден е во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот