ДЕТЕ ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО БУНАР: После три дена, трагичен крај на потрагата (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Двегодишно дете кое падна во бунар во јужна Индија е пронајдено мртво при акција на спасување која траела 82 часа.

Рано изутрина, властите на сојузната држава Тамил Наду соопштиле дека телото на Суџита Вилсон е најдена во фаза на распаѓање и извадено од бунар длабок 180 метри.

Детето на почетокот било во длабочина од 10 метри, но подоцна пропаднало подлабоко. Телото по обдукцијата било предадено на фамилијата.

Бидејќи овој вид на бунар е многу тесен и длабок, спасувачите со тешка машинерија ископале паралелна дупка. Тие со помош на пожарникарите работеле деноноќно, а работата им била отежната од камењата. Тие запреле откако осетиле непријатна миризба.

На Твитер пред трагичниот крај на потрагата се огласил и премиерот на Индија Нарендра Моди.

– Моите молитви се со младиот и храбар Суџита Вилсон, напишал Моди на Твитер.

Се организирале и масовни молитви во хиндуистичките храмови, цркви и џамии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот