Дете после пет години се враќа од камп во Сирија, моментот кога го среќава неговото семејство ќе ве остави без зборови (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Тешко е да не чувствувате ништо додека гледате мало детенце кое после толку години страдања и ужаси, го наоѓа мирот и ги почуствува прегратките на неговите најблиски луѓе.

Алвин Бериша, дете со албанско потекло кое веќе пет години престојуваше во Сирија, конечно пристигна во Рим каде што беше пречекан од неговиот татко Африм Бериша и неговите две сестри, кои се на возраст од 16 и 17 години.

Алвин има само 11 години по потекло е од Албанија а било спасено пред два дена од сирискиот капм Ал Хол. Детето е родено во Леко, Италија, но неговите родители се од Албанија. Кога тој имал само 6 години неговата мајка го напуштила семејството, оставајќи зад себе две деца и го земала Алвин си заминале во Сирија, каде што со новиот сопруг и нивното дете загинале. Но, Алвин останал сам во кампот Ал Хол.

Во видеото објавено од италијанскиот Црвен крст, Алвин се гледа во аеродромот седнат покрај неговите сестри додека таткото му ги бакнува рацете, јавува Балканвеб. Сестрите плачат и го галат нивниот брат кој 5 години не го виделе и до пред два дена не знаеја дали повторно ќе го видат. Алвин изгледа смирен и со насмевка во лицето.

Алин за да биде изнесен од кампот Ал Хол и повторно да се врати кај неговото семејство, беше потребна добро организирана операција од страна на италијанските и албанските власти.

Но, Топ Чанел потсетува дека сега предизвик за албанската држава останува враќањето на околу 28 други албански деца кои се наоѓаат во овој камп.

За потестување, Африм Бериша таткото на Алвин кој живее во Италија, го бара веќе од 2014 година неговиот син, но само пред неколку недели тој бил пронајден од страна новинари од италијански медиуми во камп, кои со објавување на сторија за малото дете ја алармираа и албанската јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот