Дете плаче додека маж клечи над неговиот врат: Фотографија предизвика бурни реакции во јавноста, полицијата го истражува случајот

Фото: Принтскрин

Некои извори пренесуваат дека во прашање морбидна шега и прикажува двогодишно девојч со момчето на нејзината мајка. Детето наводно не е повредено во инцидентот и сега е со својот татко, кој живее посебно од нив.

Вознемирувачка фотографија на која се гледа како маж, најверојатно поддржувач на движењето „Black lives matter“, клечи над врат на дете, на тој начин имитирајќи го апсењето на Џорџ Флојд, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и доведе  до полициска истрага во Охајо.

Канцеларијата на шерифот во Округот Кларк наводно започнала истрага поради алармантната фотографија.

Локалните медиуми пренесуваат дека полицајците и медицинските работници посетиле две адреси во врска со овој случај во вторникот, но засега никој не е уапсен.

На фотографијата се гледа како тетовиран маж, носејќи само шорцеви, клечи со колено над врат на дете кое лежи со лицето свртено кон земја.

Детето, кое на сликата е во пелени, изгледа вознемирено и плаче. Другата возрасна личност, која е исечена на фотографијата, ги држи рацете на детето зад грб.

Некои извори пренесуваат дека во прашање е морбидна шега и дека фотографијата прикажува двогодишно девојче со момчето на нејзината мајка. Детето наводно не е повредено во инцидентот и сега е со својот татко, кој живее посебно од нив.

Фотографијата на која се гледа наводното злоставување на детето предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи, а луѓето повикуваат мажот да се уапси.

За потсетување, Афроамериканецот Џорџ Флојд почина по бруталното апсење во мај во Минесота, откако полицаец клечеше над неговиот врат при апсењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот