Дете паднало од стан во Скопје, тешко е повредено

Фото: МИА

12-годишно дете е тешко повредено откако паднало од стан во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти полицијата.

„На 22.01.2023 во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров” во Скопје паднал 12-годишник од Скопје. Според пријавеното од мајката, малолетникот паднал во моменти додека бил сам во собата. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување помош“, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот