Дете од Скопје тешко повредено во кавадаречко, врз него паднала греда од гол во детско одморалиште

Фото: илустрација

Дете-ученик во основно училиште од Скопје вчера било тешко повредено откако врз него паднала рамка од гол на фудбалско игралиште во кавадаречко Михајлово, информираат од МВР.

„На 14.08.2022 околу 11.00 часот во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје“, соопшти полицијата.

Увид извршила увидна екипа од Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот