Детална истрага од Европа за регионалниот дефект на електроенергетскиот систем

струја фото миа

Комитетот за системски операции на Европската мрежа на електропреносни систем оператори ќе спроведе детална истрага за инцидентите што се случија на електроенергетските мрежи во југоисточниот дел на електроенергетскиот систем на континентална Европа и предизвикаа прекини во поголемиот дел од Црна Гора , Албанија, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска.

„ЕНТСО-Е во моментов ги собира сите релевантни технички податоци за оваа хаварија и ќе обезбеди повеќе информации што е можно поскоро“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Комитетот, пренесува Танјуг.

„Јадар“ нема да предизвика загадување на речните текови

Од ЕНТСО-Е наведуваат дека во согласност со скалата за класификација на инциденти, ќе извршат детална истрага за настанот во наредните недели, со поддршка на експертска комисија. Дефект на електричните мрежи на Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и делумно Хрватска се случи во петокот околу 12:25 часот, а по неколку часа струја добија сите делови од четирите земји во регионот. Во соопштението на ЕНТСО-Е се вели дека погодените системи го вратиле напојувањето на нивните мрежи во рок од околу два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот