Детали за трагедијата во која загинаа двајца мигранти, а повреден беше и полицаец

Возило на брза помош / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А.М.(23) од с.Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и  „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 16.08.2020 околу 22.30 часот на магистралниот пат Струмица-Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „ауди Q7“, кое пријавениот го управувал и во кое превезувал 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР.

Притоа, двајца мигранти загинале, а останатите се здобиле со повреди, а меѓу повредените бил и еден полициски службеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот