Детали за сообраќајката кај Кавадарци: Загина кавадарчанец, братот и таткото тешко повредени

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија./Фото: МИА

 Кавадарчанец загинал во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди биле пренесени на клиника во Скопје. Оваа вест за МИА ја потврдија од Итната медицинска помош од Кавадарци.

Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, за МИА рече дека синоќа во 17:15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус” со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф”, управувано од Л.Л.(51) од село Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра”, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки.

-На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф”. Тоа го констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од село Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката  М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци, појасни Прањиќ Талевска.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот