Детали за синоќешното пукање во Чаршија – приведен странец

Македонска полиција / Фото: МИА

Едно лице е повредено во инцидентот кој се случил вчера вечер во Старата скопска чаршија.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот пред угостителски објект на ул.„Казанџиска“ во Скопје пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција.

М.Е.Е. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот