Детали за пукањето во училиштето во Србија: Напаѓачот имал психички проблеми, професор со брза реакција спречил трагедија

Фото: Принтскрин/Блиц

Горан Т. (46) од селото Ливадица во близина на градот Велика Плана вооружен влезе во средно улилиште и отвори оган од автоматска пушка. Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, мажот пукал кон таван.

Мажот пукал двапати од неговото оружје, за потоа да биде совладан од професор кој работи во средното училиште. Кај него се пронајдени уште и една рачна бомба и експлозив.

Првите информации до кои дојде српски „Блиц“ укажуваат на тоа дека човекот има психички проблеми и сакал да направи залошничка ситуација во училиштетот, но среќа неговата намера е спречена.

Човекот кој го направи овој инцидент имал намера со заложничката ситуација во средното училиште да го привлече вниманието на претседателот или министерот за внатрешни работи на Србија.

– Човекот влезе закопчан, а под јакната имаше панцир, со оружје, со автоматска пушка, бомби, и мислам дека имаше и пиштол. Тој влезе во училницата 3/3, каде рече дека се ќе биде во ред само ако некој му даде број од државната безбедност – вака за „Спутник“ го опиша нападот една ученичка (17) во училиштето во Велика Плана.

Таа додала дека во тој момент во училницата имало деца, кои веднаш на телефонот повикале еден професор.

– Професорот им рече на децата да излезат од училницата и го искористи моментот на невнимание на напаѓачот, кој освен пушка имаше и експлозив. Во еден момент професорот го зграби оружјето кое беше во неговите раце и го потпре на таблата. Тогаш човекот пукаше и во тој момент професорот беше повреден – вели малолетната ученичка.

Според информациите од очевидците, професорот се здобил со повреди на раката, но не е во животна опасност. Полицијата многу брзо пристигнала во училиштето и сите деца се евакуирани, а напаѓачот бил пренесен со Брза помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот