Детали во домот за пролетна свежина

Искористете ја енергијата и еланот што ви ги нуди пролетта – уредете го вашиот дом во согласност со ова годишно време. Потребна ви е волја и малку креативност, а резултатите се повеќекратни. Ви даваме неколку идеи за пролетно разубавување на домот.

Клуч за добро дизајнираниот интериер се деталите. Затоа сконцентирајте се на оние детали кои добро ќе се вклопат во вашата просторија.

Користете живи бои. На пример, небеско сина, светло зелена или боја на лаванда искористете ги како главен мотив, а потоа додадете ситни детали во различни шарени нијанси.

Ако не сте расположени за кречење или ставање ѕидни тапети со цветни дезени, пролетната свежина можете да ја внесете во домот и со нови завеси, прекривки или теписи со цветни бои и дезени.
Поврзете ги сите простории со детали што се повторуваат или по форма или по боја. Поставете на неколку места, на пример на столиците или на полиците пеперутки во различни бои или различни видови цвеќиња во иста боја. Со детали и ситни измени без големи трошоци навистина можете да ги освежите просториите во вашиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот