Детали што можеби не сте ги знаеле досега: Како функционира липосукциската исхрана?

Фото: Промо

Липосукциската диетотерапија е природен процес на метаболичко претворање на мастите во енергија, а резултатите се фасцинантни. За само две недели, колку што трае еден протокол, можете да изгубите 7-10% од почетната телесна тежина

Пробавте разни диети, но резултатот секогаш беше гладување и зголемување на телесната тежина. Меѓутоа, денес ви претставуваме револуционерна метода за слабеење наречена Неинвазивна липосукција или Липосукциска исхрана, која работи на принципот „Присилување на телото да се храни со сопствените резерви на масти“ и без јо-јо ефект.

Тајната е во способноста на телото да користи различни извори на енергија, вклучувајќи ги и сопствените масти. Едноставно кажано, тоа е обратен процес од дебелеењето. Зголемувањето на телесната тежина е создавање на маснотии, додека липосукциската исхрана е нивно искористување.

Тоа е природен процес на метаболичко претворање на мастите во енергија, а резултатите се фасцинантни. За само две недели, колку што трае еден протокол, можете да изгубите 7-10% од почетната телесна тежина.

Нема пад на енергија, нема пад на шеќерот, чувството на глад е намалено, а првите резултати ги гледате по 24 часа, што дава дополнителна мотивација. Посебно треба да се истакне дека липосукциската исхрана дава видливи ефекти врз обликувањето на телото, намалување на волуменот во критичните зони, па затоа се нарекува „липосукција“, поради оваа естетска трансформација. Затоа е многу популарна диетотерапија меѓу жените.

Диететската терапија се заснова на двонеделен диететски протокол, кој е енергетски и нутритивно балансиран според упатствата и препораките на ЕФСА (Европска агенција за безбедност на храна). Преку ден се храните со сопствените масти, со помош на додатоци во исхраната, а навечер имате убава вечера со месо, риба и разновиден зеленчук.

Природните аминокиселини и диеталните влакна од растението конјац глукоманнан се користат како помошно средство за слабеење со клинички докажани ефекти (одобрени од ЕФСА).

Овој третман е сосема безбеден за здравјето. Ги исполнува сите препораки и стандарди на Советот за диететски производи и исхрана. Средствата за слабеење се произведуваат според високи фармаколошки стандарди во Германија, каде што нашата фабрика е членка на Меѓународната асоцијација за нутриционистички истражувања.

Методот со години успешно се спроведува насекаде низ светот и подложи на строги контроли и анализи. И корисничките искуства се исто така многу позитивни.

Тоа што е важно да се истакне е дека го следиме секој клиент во текот на процесот на слабеење и даваме техничка и морална поддршка, насоки за доживотна правилна и урамнотежена исхрана.

Протоколот е толку едноставен што можете дури и да го нарачате на домашна адреса и да се консултирате телефонски или преку Фејсбук. Само испратете приватна порака на Фејсбук или јавете се во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија.

Закажете ја вашата бесплатна консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 22) или јавете се на телефоните 02 3151714 и 070 535033

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот