Детали од животот на Елвис Присли: Сакал да ја надмине славата на Битлси

Instagram

Еливс Присли беше идол на целиот свет. Тој стана легенда уште додека беше жив, соборувајќи ги сите рекорди – за дваесет години кариера, објави 97 плочи, помина дури 996 недели на врвот на топ листите. Но, поради тоа, трпел неговиот приватен живот. 

Во 1947 година, од едно локално радио ,на 12-годишниот Елвис му понудиле да запее во живо, а тој ги одбил затоа што се срамел. На 19 години, тој се појавил на аудиција за евангелскиот квартет „The Songfellows“, но бил одбиен.

Ова се детали од животот на Присли, кој денес, на 8 јануари би го прославил својот 86 роденден.

Instagram
Instagram

Кога гостувал во една тв-емисија во 1956 година, водителот го советувал да настапи без гитара. Наводно му рекол: – Нека те видат, сине. Тогаш Елвис почнал да го изведува познатиот танц со мрдање со колковите и ја разбеснил јавноста, па кратко потоа, почнале да го нарекуваат „Elvis The Pelvis“ – „Елвис Карлицата“.

Подоцна му било забрането да игра со колковите за време на настапите и, оттогаш, Елвис секогаш кога ќе застанел на сцена мавтал со прстот во знак на протест.

Instagram
Instagram

Во тоа време, кон крајот на 1959 година, пејачот ја запознал својата идна сопруга, тогаш 14-годишната Присила Болие. Тој се ожени со неа седум години подоцна. Нивното единствено дете, ќерката Лиза Мари, подоцна беше во брак со Мајкл Џексон и актерот Николас Кејџ.

Instagram
Instagram

И двајцата биле опседнати со Елвис. Кејџ, наводно, бил единствениот човек надвор од најблиското семејство што некогаш ја видел спалната соба на Елвис во Грејсленд. Присила иако била горда на својот светски признат сопруг, сепак, тешко се справувала со неговата популарност.

Не само што морав да го делам со светот, туку немав ниту свој живот, а тој се однесуваше кон мене како да сум негов миленик. Го сакав, но се почувствував слободна дури по разводот“, еднаш изјави Присила.

Сепак, додека траела идилата, таа била горда на неговите успеси. Честопати велела дека неговиот хит од 1960 година „It’s Now Or Never“ инспирирал еден затвореник кој го слушнал и се заколнал дека ќе започне музичка кариера откако ќе ја издржи затворската казна. Бери Вајт бил осуден на четири месеци затвор за кражба на гуми.

Популарноста на Елвис започна да бледее во 60-тите години, кога неговиот престол бил „загрозен“ од Битлси и Ролинг Стоунс…

Дека нешто сериозно се случува и дека публиката постепено се „откажува“ од него, сфатил додека шетал по улиците на Лос Анџелес и никој не му приоѓал.

Наводно, поради антивоените ставови на славниот член на Битлси, тој сакал да го надмине Џон Ленон, а Ленон го обожавал, дури и се облекувал како Елвис.

Instagram
Instagram

Присила остро се спротивставила на ваквите ставови на Елвис и тоа силно влијаело на нивниот брак. А интересно е што јавноста се „згрозила“ од фактот дека нејзиниот сопруг никогаш не ја видел без шминка.

Кога бевме заедно, секогаш имав барем малку шминка. Барем маскара. Тоа му се допаѓаше. Никогаш не ме гледаше додека се облекувам, го интересираше само крајниот производ. Во исто време, тој сакаше да оди на шопинг со мене и да ги избира моите фустани. Тој беше опкружен со најубавите девојки, тоа беше цената што ја плаќав“, рекла Присила.

Instagram
Instagram

Во 1975 година му се појавиле сериозни здравствени проблеми, дијабетес, гастритис и консумација на дрога од кој Елвис станал зависен. Во април 1977 година, Присли доживеал срцев удар, но не го сменил начинот на живот. На 16 август 1977 година паднал во длабока кома поради земање прекумерна количина на лекови и опојни дроги. Овојпат, лекарите не успеале да му го спасат животот.

Profimedia
Profimedia

Пет години пред смртта на Елвис, двојката поднела барање за развод. Присила тогаш изјави дека тие не се разделуваат затоа што веќе не се сакаат туку затоа што сака да си го живее својот живот и да го запознае светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот