Детали од животот на Џесика Алба: Работи кои сигурно не сте ги знаеле за познатата актерка! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Американската актерка Џесика Алба, денеска на 28 април го слави својот 39 роденден, а некои детали од нејзиниот живот малкумина ги знаат.

На 11 години ја натерала нејзината мајка да ја однесе на натпреварување во глума на Беверли Хилс, каде победила и ја добила првата награда, односно бесплатни часови по глума.

Наскоро го пронашла својот агент, а на 13 години ја добила и првата улога во филмот „Камп за никаде“. Алба се појавила и во неколку реклами, меѓу кои и оние за популарното „Нинтендо“.

Актерката често истакнува дека прво запливала, а потоа почнала да оди, бидејќи нејзината мајка Кетрин работела како спасувач на плажа. Џесика не се вообразила и кога станала позната во целиот свет поради филмовите „Honey“, „Фантастична четворка“ и „Денот на вљубените“.

Актерката во 2011 година ја отворила фирмата„ The Honest Company“, кој се занимавал со производство на детски пелени и козметика, а истакнала дека за тоа ја инспирирало раѓањето на нејзината ќерка Хонор.

Само седум дена подоцона, поради својата компанија е номинирана за жена на годината. Алба истакнала дека во растот на нејзиниот бизнис не и помогнала нејзината слава, туку напорената работа.

  • Многу луѓе може да бидат ѕвезда, не мора да имате некој талент за да станете и вие. Важно е одличната идеја – кажала актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот