Детали од полициската акција во домот на Гзим Острени во Дебар

Фото Миа

СВР Охрид утринава изврши претрес во Дебар во домот на Илир.О син на Гзим Острени и уште на едно лице, дознава Слободен печат од високи полициски извори.

-Акцијата не  е направана зошто е син на Гзим. Полицијата имало опративни сознанија, извршиле претрес и тоа е тоа. Полицијата постапува по судска наредба. Имало некои опретивни сознанија за некоја истрага за која не може да споделиме повеќе детали – вели нашиот извор.

Полициските сили во куќата на која живее поранешниот генерал на ОВК и претседател на политичкиот субјект, Унитети Гзим Острени, не затекнале ништо незаконско, или барем она за кое беа дојдени полициските сили.

Во некои медиуми имаше сомневања дека полициската акција е извршена по барање на Специјалното обвинителство во Хаг и дека Острен може да биде меѓу осомничените од ова обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот