ДЕТАЛИ ОД НАПАДОТ ВО ФРАНЦИЈА: Излегол од метрото и почнал да ги напаѓа минувачите со нож

Фото: Принтскрин

Француската полиција се обидува да го увтрди мотивот за нападот, откако е уапсен напаѓачот кој со нож убил едно лице, а најмалку осум повредил, помеѓу кои и тројца се тешко повредени.

Напаѓачот наводно делувал сам, иако првично се зборуваше дека станува збор за двајца напаѓачи, а инцидентот се случил во подземната железница во преградие близу Лион во средиштето на Франција, пишуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на извештајот од локалната полиција.

Убиено момче, тројца се борат за живот

Напаѓачот откако излегол од метрото со нож почнал да ги напаѓа минувачите, а 19-годишно момче им подлегнало на повредите. Уште три повредени лица во болницата се борат за живот.

Според информации од полициски изори, станува збор за Авганистанец, кој барал азил во Франција. Тој досега не им бил познат на полицијата.

До нападот дошло во попладневните часови, поточно околу 16.30 часот. Обвинителот задолжен за случаи со тероризам и натаму нее вклучен во случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот