Детали од истрагата за руското мешање во изборите во САД

Деталите од објавениот извештај на специјалниот обвинител Роберт Малер од истрагата за наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година, откриваат повеќе интригантни моменти за обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја поткопа истрагата за да биде ослободен од одговорност.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, извештајот за истрагата, што траеше 22 месеци, е на 400 страници и беше објавен денеска.

Во него се наведува дека Малер не успеал да открие „опструкција на правдата”, бидејќи „функционерите на должност не ги проследиле наредбите на Трамп” и затоа што истрагата не го сослушала лично претседателот „оти тоа можело да го развлече рокот за нејзино спроведување”.

Специјалниот обвинител не донел заклучок за опструкција, бидејќи Малер не можел да заклучи дека не постоело нарушување на законот од страна на Трамп, но „постои можност Конгресот да донесе таков заклучок”.

Прочитајте и...  Гренел го поздрави изборот на новата влада на Косово

Конкретно, претседателот се обидел да ја попречи истрагата преку својот соработник Кори Левандовски. Од извештајот се дознава дека на 19 јуни 2017 година, Трамп во Белата куќа се сретнал со Левандовски и му предал информација за тогашниот државен  обвинител Џеф Сешнс.

Во пораката Трамп побарал Сешнс да излезе со изјава дека „истрагата била незаконска”. Сепак, Левандовски не ја предал таа порака до државниот обвинител, туку до чиновник од понизок ранг, кој „не се почувствувал сигурен и затоа не ја предал пораката”.

Понатаму, од документот се дознава и дека во јуни 2017 година Трамп се обратил до поранешниот адвокат на Белата куќа, Дон Макган и му наложил да се поврзе со државниот обвинител и да му пренесе дека Малер „ја злоупотребува службената положба и треба да биде отпуштен”. Адвокатот, сепак, одбил да го стори тоа.

Прочитајте и...  Комисијата за заразни болести влезе во вртлогот на партиското препукување меѓу власта и опозицијата

– Подобро ќе поднесам оставка, отколку да испровоцирам „колеж во саботната ноќ”, изјавил Макган.

Кога Малер бил назначен за специјален обвинител и советник на министерот за правда со задача да ја истражи вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година и за можен заговор на штабот на Трамп, претседателот рекол: „ова е крај на моето претседателство”.

Прочитај повеќе

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат

Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Слободен печат

Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Слободен печат

Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Слободен печат

Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

Слободен печат

Во Вашингтон шести ден протести против расизмот и полициското насилство (ВИДЕО

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, внатре бил претседател на политичка партија (ВИДЕО)

Слободен печат

Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Слободен печат

Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Слободен печат

Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Слободен печат

Лукашенко ја распушти Владата на Белорусија

Слободен печат

Филипче: Рестрикцијата на движењето дополнително ќе помогне во идентификување на контактите

Слободен печат