ДЕТАЛИ ОД ГОЛЕМАТА ТАЈНА МИСИЈА: Како Полска си го врати дома златото вредно четири милијарди фунти

Фото: Профимедиа

Полска, која во последните две години нагло ги зголеми своите резерви на злато, врати околу 100 тони од врединот метал од трезорот на Англиската банка (Централната банка на Велика Британија) во Лондон, пренесува „Мирор“.

Во тајната мисија, златните плочки вредни околу четири милијарди фунти кои во Лондон биле скриени за време на Втората светска војна, вратени се во Варшава. Златото тогаш е „евакуирано“ поради стравувања дека ќе падне во рацете на нацистите.

Во акцијата учествувале авиони, хеликоптери, камиони и специјалци кои се грижеле дека 8.000 парчиња злато, кои тежат околу 100 тони, безбедно да ќе вратат дома.

– Речиси една половина од имотот на Варшава во Велика Британија префрлена е во Народната банка на Полска – објави на крајот на минатиот месец гувернерот Адам Глапински, додавајќи дека „златото ја симболизира силата на земјата“.

Фото: Профимедиа

Целата акција се одвивала во тек на неколку месеци, а имало вкупно осум ноќни летови на кои се наоѓало вредното злато. Последниот бил на 22 ноември, кога камиони од непозната локација во Лондон го пренеле златото до неименуван аеродром. „Пратката“ ја следел и хеликоптер, заедно со полицијата.

Половина од полските резерви остануваат во Англија, а од Народната банка на Полска велат дека можеби ќе продолжат со враќањето на златото.

– Полска може да оствари добивка од повеќе милијарди евра од продажбата на своето злато, но моментално тоа не е во план на властите – рече Глапински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот