Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Заврши времето на евтина работна сила, не може да си дозволиме така да се однесуваме веќе. Ние не сме држава на евтина работна сила. Европа се фокусира на продуктивност, никој не гледа висина на плати. Ние немаме луѓе за извоз, мора да престанеме да ги извезуваме луѓето, а тоа ќе го оствариме само со паметен пристап на делот на конкурентноста“ изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во неговото гостување на „Топ Тема“ на Телма ТВ.

„Не гледам зашто треба да трчаме по инвеститори кои вработувааат 2000-3000 вработени и даваат 15 илјади денари плата, наместо да се фокусираме на други кои ќе вработат помалку вработени а ќе даваат многу поголема плата“ додаде Деспотовски.

Тој објасни дека државната помош што се дава е коинвестирање во проектот и мора да се води по одредени економски параметри за да се пресмета кога тие пари ќе се вратат назад.

„Кога ќе влезе инвеститор, правиме анализа ги бараме проекциите за приходи за наредни 10 години, проекциите за добивка, работни места, плати. Врз основа на тоа ние правиме проценка што може да вложи државата и кога ќе ги добие парите назад. Ќе се фокусираме повеќе на инвеститори со повисока додадена вредност и со подобар квалитет“ рече Деспотовски.

Тој додаде дека потребно е да се понуди на граѓаните нешто за тие да останат тука и државата да ја гледаат како свој дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот