Деспотовски: Сакав да покажам дека во политиката не мора се да биде пазар, влегов со чиста намера

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ / Утрински брифинг

Мојата кандидатура за лидер на СДСМ не беше пазар. Влегов со срце и чиста намера. Сакав да покажам дека во политиката не мора се да биде пазар, изјави директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски во емисијата „Само вистина“.

Тој смета може да придонесе како директор на ТИРЗ и понатаму.

-Покажуваме дека може да се испорачаат реални резултати. Уште од првиот ден на мојот мандат во Дирекцијата реков дека фокусот ќе биде на платите и добивката на државата, а не сликањето и сечењето ленти. Останувам посветен и сакам да ја завршам работата, додаде Деспотовски.

На прашањето на новинарката што мисли за информацијата дека актуелниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се сретнал со поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и дека разговарале за обединување на партијата, Деспотовски смета дека не треба да се прави обединување меѓу поранешни и сегашни функционери на партијата.

-Треба да зборуваме за обединување меѓу луѓето. Мандатот на Ковачевски е за потребата на луѓето и да покажеме дека вистински сме ја сфатиле пораката на граѓаните, додава Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот