Деспотовски: По четврток продолжува политичкиот курс на државата

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотоски во гостувањето на ТВ24 изјави дека „сме покажале дека имаме капацитет со предизвиците“и рече дека ниту тој, ниту граѓаните, немаат никаква дилема за тоа што ќе се случи по четврток, алудирајќи на иницијативата за гласање на доверба на владата.

Според него, доколку иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии не успее, политичкиот курс на државата ќе се задржи и продолжува понатаму.

„Остануваме посветени на ЕУ, да ги искористиме сите придобивки од НАТО, продолжуваме на патот на повеќе работни места. Оваа влада за првпат пред 4 години започна програма за финансиска поддршка на инвестирање во приватниот сектор, работните места и платите“, рече Деспотоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот