Деспотовски: Нашата цел е повторно да бидеме во врвот на Евролигата

Македонија се подготвува за настапот во Европската сребрена лига/Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација се наоѓа во осмиот ден од подготовките.

Како што е познато, Ратко Павличевиќ е новиот селектор на репрезентацијата, кој на располагање има 24 репрезентативци пред настапот во Европската сребрена лига 2022.

Меѓу повиканите е и средниот блокер Филип Деспотовски.

– Подготовките се одвиваат во најдобар ред иако сме подмладени. Но сите тренираат добро и придонесот на помладите е значаен за да се подготвиме добро за нашата цел, а тоа е повторно да бидеме во врвот на Евролигата.

Првите контроли ќе ни покажат како да ја дополниме формата, односно кои ситници треба да ги поправиме – вели Деспотовски.

Златниот медал во Европската сребрена лига е секогаш во видното поле, но овој пат не е оптоварување. Македонија сака да изгради тим за континенталниот собир наредната година на којшто ние ќе бидеме коорганизатори, притоа со идеја поискусните да ја одржат, а помладите да ја унапредат формата.

Тоа би било вистинска победа наспроти постојаната желба конечнода се освои првото место во Европската сребрена лига. Годинашното издание за насзначи шест средби во групата со Босна и Херцеговина, со Романија и со Албанија, а потоа и евентуално учество на завршниот турнир во Будимпешта против домаќинот Унгарија и Финска. Пред тоа, на 18 и 19 мај во Маврово македонските одбојкари ќе се тестираат со Албанците, а по Евролигата ќе патуваат на Медитеранските игри во Алжир. Во јули е закажан вториот сегмент од подготовките летово, а тојќе заврши со турнирот „Чајка“ на којшто од 22 до 24 јули ќе ни гостуваат Австрија и Босна и Херцеговина, како и Јапонија доколку ја прифати поканата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот